Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Усман Дембеле, не ги криеше своите емоции по освојувањето на Златната топка. Французинот ја победи младата ѕвезда на Барселона , Ламин Јамал, во трката за највредната индивидуална награда во фудбалот.
Сепак, Дембеле кажа дека неговата цел не била да ја освои оваа индивидуална награда, и кажа дека подраги му се тимските трофеи, но дека е почестен од добивањето на Златната топка.
„Ова што го доживеав е неверојатно. Немам зборови. Беше исклучителна година во ПСЖ. Многу работи се случија во мојата кариера, а фактот дека оваа награда ми ја додели легендарниот Роналдињо, е нешто посебно. Горд сум на тоа што го постигнав. Сакам да се заблагодарам на ПСЖ што ме ангажираа, на претседателот, на целиот клуб. Насер Ал-Келаифи ми е како татко. Исто така сакам да се заблагодарам на сите вработени, како и на тренерот Луис Енрике, кој исто така го чувствувам како свој татко. Благодарност до моите соиграчи со кои освоивме се. Ги освоивме сите трофеи, и оваа инфицидуална награда е награда за целиот тим. Освојувањето на Златната топка не беше цел во мојата кариера, но е нешто извонредно. Работев за да ја освојам Лигата на шампионите, Лига 1, Купот на Франција, а да добијам индивидуален трофеј како награда е нешто посебно“, изјави Дембеле.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

