Дембо Дарбо се враќа во Шкупи!?

Еден од најдобрите странски напаѓачи кои настапувале во македонскиот шампионат последнава декада, репрезентативецот на Гамбија, Дембо Дарбо би можел повторно да се врати во редовите на Шкупи!

25-годишниот Дарбо настапуваше во сезоната 2020/21 во дресот на Шкупи, издвојувајќи се како еден од најзаслужните за шампионската титула на чаирчани. Импресивен беше неговиот ефект во есенскиот дел од првенството кога постигна 16 гола на 18 натпревари.

Веднаш потоа се пресели во белорускиот Шахтјор Солигорск од каде, пак, во август 2022 година се пресели во редовите на Ал Наср во Обединетите Арапски Емирати. Но, поради конкуренцијата во Ал Наср, изминатата полусезона играше како позајмен фудбалер во казахстанска Астана.

Сега, челниците на чаирскиот прволигаш посакуваат до крајот на сезоната Дембо Дарбо да биде на позајмица од Ал Наср во Шкупи, со што сериозно би се засилила конкуренцијата во нападот.

Се вчитува...