Демир Имери, по седум години интернационална кариера, се враќа во Македонија – Потпишува за Шкупи!

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Демир Имери по седум години интернационална кариера се враќа повторно во македонскиот фудбал.

28-годишниот офанзивен фудбалер од средниот ред е пред официјална промоција во дресот на Шкупи, каде ќе ја продолжи кариерата.

Имери, кој потекнува од кичевски Влазрими, на домашната сцена претходно настапуваше и за Работнички, Шкендија, Хоризонт Турново и Ренова од каде во 2017 година започна интернационална кариера. Играше потоа и за фински Кеми, и за Олимпик Доњецк во Украина, за албанските Влазнија и Егнатија, за казахстански Атирау како и за Андихон во Узбекистан од каде сега треба да потпише за Шкупи.

Се вчитува...