Стрелецот на два гола на Турција, Мерих Демирал им се заблагодари на турските навивачи за одличната поддршка што му помогна на тимот да ја исфрли Австрија во осминафиналето на Евро 2024.
Турскиот дефанзивец ги постигна двата гола за својата екипа во победата од 2-1 и беше прогласен за играч на мечот.
„Прво сакам да кажам дека сум горд што сум Турчин. Доживеавме неверојатни моменти благодарение на нашите навивачи. Благодарам на нашите фанови. Беше многу важен натпревар, целиот тим одигра одлично. Ја прифаќам наградата за играч на натпреварот во име на целиот тим. Јас сум многу среќен и многу горд. Целиот тим одигра одличен натпревар. Ако е божја волја, бајката ќе продолжи, благодарам на сите“, рече Демирал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА