УЕФА објави дека Мерих Демирал, турскиот дефанзивец кој имаше скандалозна прослава на голот против Австрија, ќе биде суспендиран на два натпревари, што значи дека би играл за својата селекција доколку се пласира во финалето.
Демирал недолично го прослави вториот гол против Австрија, по што УЕФА покрена истрага, и официјално го суспендира играчот на Турција, со што одбраната на оваа селекција ќе биде видно ослабена за дуелот со Холандија. Турската федерација ја обжали оваа одлука.
Од друга старна играчот на Англија, Џуд Белингем мина без казна, односно без суспензија. Тој го славеше голот против Словачка на недоличен начин, покажувајќи на меѓуножјето, меѓутоа УЕФА се одлучи да не го суспендира.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА