Довчерашниот фудбалер на Вардар, Бесир Демири се приклучи на подготовките на украинскиот прволигаш Мариупол каде ќе ја продолжи својата кариера.
Демири од вчера активно се вклучи во тренажниот процес на украинскиот тим, пред да следи официјалната промоција во клубот со кој се договори на соработка до јуни 2019 година.
23-годишниот левокрилен дефанзивец, изненадувачки од Вардар си замина како слободен фудбалер откако стручниот штаб одлучи дека неговите услуги нема да се потребни на тимот за продолжението од сезоната.
За поранешниот младински репрезентативец ова ќе биде прво интернационално искуство. Во домашниот шампионат, покрај за Вардар, има настапи и за Шкендија и за Шкупи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА