Кристијан Куева е трагичарот на Перу по првото полувреме од дуелот со Данска, откако овој фудбалер не реализираше пенал во 45. минута од оваа средба.
Судијата дури по прегледување на снимката со ВАР технологија покажа на белата точка по стартот врз Куева, но се беше попусто за Перуанците кога истиот фудбалер шутираше многу слабо, високо над дирекот.
Интересно, на овој мундијал се промашени два од првите пет пенали што се изведени, што веднаш е поголема бројка од последното СП во Бразил, каде не беше реализиран само еден удар од белата точка (12/13).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА