Ден по гостувањето во Скопје, РФС се засили со екс играч на славниот Баерн Минхен

Тимот на РФС Рига вчера во Скопје на тренинг центарот „Петар Милошевски“ победи со 0-1 во првиот натпревар од 1. квалификациско коло во Конференциската Лига против Македонија ЃП. Иако важеше за фаворит, летонската екипа се намачи да дојде до победата, особено ако се има во предвид дека во вториот дел Македонија ЃП играше подобро и имаше неколку шанси да израмни.

Ден по гостувањето во Скопје, РФС Рига објави дека се засилува со Даниелс Онтужанс, играч кој во минатото бил дел и од славниот Баерн Минхен. Станува збор за 23-годишен играч за врска, кој бил во младинските категории на „Баварците“, а играл во академијата на Баерн до 2020 година. Истата година во октомври дебитирал и за првиот тим на гигантот од Минхен во Куп натпревар.

Подоцна две сезони бил дел од Фрајбург, кој поради големата конкуренција го префрла во вториот тим за кој има 32 настапи и три гола. Онтужанс е летонски репрезентативец, кој има седум меча.

Покрај офанзивниот дел од средниот ред, тој може да игра и на крилните позиции, што ќе биде значајно засилување за тимот на реваншот во Рига. Онтужанс инаку бил со тимот и во Скопје, но немал право да игра на натпреварот.

Се вчитува...