ДЕН ЗА ДЕРБИ „Чкембари“ со огномет сред ноќ ги „вознемируваа“ вардарци (ВИДЕО)

Денеска во Битола се игра најголемото ракометно дерби во кое Е.Пелистер го пречекува тимот на Вардар во првенството. Се е подготвено за спектакл, во кој ќе бидат вклучени и навивачите на Вардар „Комитите“, кои добија зелено светло да присуствуваат.

Ноќеска, пред натпреварот од навивачката група „Чкембари“ со огномет им направија „немирна ноќ“ на вардаровите ракометари со порака:

„Да покажеме гостопримливост. Нема мирна ноќ за вардарци. Утре ќе ве докрајчиме“, беше пораката од „Чкембари“.

Дали ова ќе делува мотивирачки или поинаку за вардаровите ракометари, останува да се види вечерва.

Се вчитува...