Вардар и Еурофарм Пелистер ќе излезат на мегдан попладнево (17 часот) во салата „Јане Сандански“, во првата од двете битки што лутите ривали ќе ги водат за освојувањето на шампионската титула. Математиката е јасна, „црвено-црните“ со бод повеќе од лутиот ривал влегоа во плејофот, што би значело дека со триумф денеска на домашен терен широко би си го отвориле патот до нова титула, за што доволни ќе им се само победи над останатите ривали од кои реално се далеку посилни, без оглед на резултатот на последното дерби што ќе се игра во Битола.
Формата на „вардарци“ се движи во нагорна линија со доаѓањето на Давид Дејвис, а денешното дерби воедно ќе биде и увертира за двомечот со Веспрем во осминафиналето од Лигата на Шампионите.
„Имаме само еден план, план А – а тоа е победа. Мораме да играме 100% и одиме на победа. Сакаме победа и мораме да победиме ако ја сакаме шампионската титула, но има многу натпревари и мораме уште многу да победуваме, за да стигнеме до таму. Што се однесува до натпреварот, очекувам дека ќе биде убав натпревар, сите ќе уживаат“, вели Дејвис во пресрет на денешното дерби.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА