Пандемијата од коронавирусот ги суспендираше спортските активности во светот скоро пет месеци. Американскиот спорт веројатно беше еден од најпогодените во светот бидејќи мораше да се прекине натпреварувањето буквално во сите професионални спортови. Сепак, во секое лошо има и нешто добро, бидејќи за првпат во историјата на американскиот спорт во еден ден имаше натпревари во сите професионални лиги.
10. септември 2020 година ќе остане запишан како единствен во историјата во кој се играа мечеви во НБА, ВНБА, НФЛ, НХЛ, МЛБ и МЛС, а згора на се на програмата беа и полуфиналните натпревари во женска конкуренција на УС опен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

