Франција и Аргентина вечерва ќе се сретнат во финалето на 22. Светско првенство кое од 20. ноември се игра во Катар. Што и да се случи на крајот на мечот ќе присуствуваме на историско финале.
Доколку Франција успеа да ја одбрани титулата од пред четири години во Русија, ќе стане првата репрезентација по 60 години и Бразил на која и успеало такво нешто. Дидие Дешам исто така има шанси да стане само вториот селектор со две титули во низа по Италијанецот, Виторио Поцо кој успеа тоа да го направи во 1934 и 1938 година.
Од друга страна доколку Аргентина стигне до трофејот кој го чека уште од 1986 и генерацијата на Диего Армандо Марадона, Лионел Меси ќе биде прогласен и дефинитивно за Бог на фудбалот бидејќи ќе дојде до единствениот трофеј кој му недостига во кариерата.
Французите имаат многу проблеми откако ги нападна вирус во текот на шампионатот, па голема е шансата денеска да не стартува вториот стрелец на оваа земја на шампионатот Оливие Жиру, додека Аргентина би требало да истрча со најсилниот тим.
Натпреварот кој ќе се игра на арената „Лусаил“ во Доха е закажан за 16 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА