Неројатна драма и на вториот денешен натпревар на Мундијалот во Катар.
По водството од 2-0 за Гана на дуелот против Јужна Кореја, сега во второто полувреме Корејците се вратија на најдобар можен начин со два брзи гола за израмнување на 2-2.
Чо Гу-Сунг со два погодоци, во 58. и во 61. минута донесе 2-2 за тимот од Азија.
Но, во 69. минута извонредниот Мохамед Кудус со својот втор гол на мечот носи повторно предност од 3-2 за Гана.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА