Ден за Трент во Мадрид: Сонот стана реалност…

Реал Мадрид го претстави и најголемото засилување ангажирано во досегашниот дел од преодниот рок откако денеска своја промоција во шпанската метропола имаше и англискиот репрезентативец Трент Александер Арнолд.

Десниот бек пристигна од редовите на Ливерпул, и тоа како слободен играч, а Реал плати минимална отштета за тој да пристигне еден месец порано во Мадрид и да може да настапи на клупскиот мундијал.

Англичанецот не го криеше задоволството од „трансферот од соништата“, изненадувајќи ги присутните откако воведната изјава на прес-конференцијата ја даде на течен шпански јазик.

„Сонот стана реалност, пресреќен сум и бескрајно горд што сум денеска овде. Би сакал да им покажам на сите навивачи на Реал Мадрид како можам да играм, знам дека очекувањата кога го носите овој дрес се највисоки, но ќе дадам се за да ги оправдам. Сакам да освојам што повеќе титули, да бидам победник играјќи крај најдобрите фудбалери во светот“, истакна Трент Александер Арнолд.

Се вчитува...