Со завршувањето на вчерашните квалификации сега се е подготвено за ждрепката за Лигата на Шампионите што ќе се одржи денеска со почеток во 18 часот.
Како што е веќе познато, повеќе нема групи туку се игра лигашки дел во кој сите екипи играат по осум натпревари. Пред ждрепката, тимовите се поделени во четири шешири, а секој тим ќе добие по два противници од секој шешир (со едниот ќе игра како домаќин, со другиот како гостин).
Европскиот првак ПСЖ и најтрофејниот Реал Мадрид ја предводат листата во првиот шешир каде мало изненадување е присуството на Борусија Дортмунд, во вториот се наоѓаат Арсенал, Јувентус, Атлетико Мадрид… а интересно е што во третиот шешир ждрепката ја чека норвешки Боде Глимт, заедно со Славија Прага, Тотенхем, Наполи…
УЕФА објави дека целокупниот распоред заедно со точните термини ќе биде објавен најдоцна до 30 август. Првото коло на новата сезона од ЛШ ќе стартува на 16 септември, а лигашката фаза ќе трае до 28 јануари. Финалето за оваа натпреварувачка сезона е закажано за 30 мај во Будимпешта.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

