Ден за ждрепка: Реал Мадрид во вториот, Милан во третиот шешир

Елитните клубови во Европа денеска со погледите се насочени кон Монте Карло, каде со почеток во 18 часот ќе биде извршена ждрепката за групната фаза од новата сезона во Лигата на Шампионите.

Манчестер Сити како актуелен еврпоски првак е и еден од осумте носители во ждрешката, заедно со првакот на ЛЕ, Севилја, потоа Барселона, Наполи, ПСЖ, Баерн Минхен, Бенфика и Феенорд.

Исклучително силна е конкуренцијата и во вториот шешир, каде покрај најтрофејниот европски клуб Реал Мадрид се наоѓаат уште и Интер, Манчестер Јунајтед, Лајпциг, Борусија Дортмунд, Арсенал, Порто и Атлетико Мадрид.

Црвена Звезда е еден од клубовите во третиот шешир заедно со италијанскиот гигант Милан, додека англиски Њукасл е тимот што сите ќе сакаат да го избегнат од четвртиот шешир.

Се вчитува...