Денеска е „ден за Чупиќ“ во Вардар

Се е подготвено, Вардар од денеска ќе сврти нов лист именувајќи го Иван Чупиќ за предводник на „црвено-црните“ на местото на Гилјермо Милано, кој доби отказ по поразот во мечот за титулата од Е. Пелистер.

„Вардарци“ за денеска точно на пладне најавија прес-конференција за промоција на новиот шеф на стручниот штаб, а изборот падна токму врз Чупиќ, легендарниот крилен ракометар кој го постигна победничкиот гол за првата европска титула на „црвено-црните“. Тој по завршувањето на играчката кариера беше и помошник тренер во Загреб, последните шест месеци ги мина како прв стратег на Метковиќ во татковината, но кога стигна понудата од Вардар, Чупиќ без премногу размислување ја прифати.

На денешната прес-конференција ќе биде присутен и првиот човек на „црвено-црните“, Михајло Михајловски, а најавени се уште неколку промени во таборот на „црвено-црните“.

Екс-тренерот Владо Недановски би требало да добие нова функција и да биде именуван во спортски директор во клубот, а прес-конференцијата ќе ги разреши и дилемите дали најголемата вардарова легенда Стојанче Стоилов ќе биде дел од стручниот штаб на новиот тренер.

Се вчитува...