Денеска е „денот Д“ за Елмас во Наполи!

Елиф Елмас е цврсто решен да се врати во Наполи и за својот став веќе ги известил и челниците на Лајпциг. Германскиот клуб се обидува да го продаде македонскиот репрезентативец во овој преоден рок, во игра беа уште неколку екипи ширум Европа, но Елмас ги стопирал сите останати разговори, јаснос тавајќи до знаење дека негов приоритет за летово е камбек во Неапол, во клубот со кој пред неколку години се закити и со шампионско скудето.

„Наполитанците“ не ја кријат желбата да го вратат Елмас во своите редови, а за денеска е најавена нова рунда разговори меѓу клубовите. Време до крајот на преодниот рок има се помалку, па во таборот на Наполи се решени денеска да ги интеизивираат напорите, во обид веднаш да постигнат целосен договор со што Елмас веќе во следните 48 часа да дојде во Италија на лекарски прегледи и потпис со клубот.

Рома неодамна се врати во трката по Елиф, но „дијамантот“ јасно стави до знаење дека сака да се врати во Неапол, а не да се пресели во таборот на „волчицата“.

Наполи испрати понуда од 1,5 милиони евра за едногодишна позајмица со опција за откуп следното лето, но се очекува актуелниот италијански првак денеска да ја зголеми понудената сума за конечно да го доведе Елмас назад на „Диего Армандо Марадона“.

Се вчитува...