Денеска се игра едно од најголемите дербија во светот на фудбалот. Од 16:15 часот, Барселона гостува кај Реал Мадрид во десеттото коло од Ла Лига во натпревар што би можел да го одреди правецот на борбата за титулата. Екипата на Ханси Флик моментално е на два бода зад екипата на Чаби Алонсо, а победа би ги лансирала Каталонците на првото место.
Според обложувалниците, предноста е на страната на Реал, со коефициент за победа на домашен терен од 2,00, победа на гостински терен од 3,20 и нерешено од 4,30.
Што се однесува до составите, ситуацијата е мешана. Дин Хујсен, Трент Александар-Арнолд, Дани Карвахал и Дани Себалос му се придружија на Реал оваа недела, но поради долгата пауза, постои прашалник околу нивната подготвеност и веројатно нема да бидат достапни на Алонсо. Давид Алаба и Антонио Ридигер дефинитивно се во „аут“.
Барселона нема да може да смета на Рафиња, Гави, Роберто Левандовски, Дани Олмо, Ерик Гарсија, Марк Андре тер Штеген и најверојатно Жоан Гарсија.
Реал моментално е во значително подобра форма. Кралскиот клуб победи на четири последователни натпревари во сите натпреварувања со вкупна гол-разлика од 10:1. Освен градското дерби против Атлетико, кое го загубија со 5:2, Мадрид ги доби сите други натпревари оваа сезона.
Барселона загуби два од последните четири натпревари, 1-2 дома од ПСЖ и 1-4 на гости од Севиља. Тој натпревар во Андалузија дополнително покрена прашања кај каталонската јавност за нивото на игра, особено во дефанзивната фаза. Ниту натпреварот против Жирона не беше лесен, заврши 2-1, а Роналд Араухо го постигна победничкиот гол во 93-тата минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

