Денеска фудбалер, утре газда: Подолски стана косопственик на својот тим

Играчката кариерата на легендарниот германски фудбалер Лукас Подолски се наближува до крајот, а сосема јасно е дека тој ќе остане дел од најважната споредна работа на светот и откако ќе ги „закачи копачките“.

Имено, поранешниот фудбалер на Баерн Минхен, Келн и Арсенал во последните пет години настапува за полскиот Горник, клубот за кој навива од детството и клубот во кој ќе остане и по крајот на кариерата откако купи 8.3 отсто од акциите со што автоматски стана косопственик и вториот најголем акционер.

„Сакам ова да биде почеток на нешто навистина добро за клубот и навивачите. Процесот на приватизаија е во тек, борбата продолжува“, напиша Подолски на социјалните мрежи.

Се вчитува...