Може ли екипата на Македонија ЃП да направи сензација и да се пласира во уште едно големо финале на Купот, трето по ред во кое ќе го брка третиот трофеј? За тоа на „лавовите“ ќе им треба мало чудо на домашен терен денеска, односно да ја стигнат предноста на Воска Спорт која од првиот меч се стекна со водство од 2-0. На избраниците на Бобан Грнчаров ќе им треба победа од два или повеќе разлика ако сакаат одново да имаат можност да го бранат трофејот.
Победата на Воска Спорт на првиот меч од 2-0 е добра предност, но истата ќе треба да се одбрани на теренот на противникот денеска. Ако во тоа успеат, тогаш Воска ќе испише историја уште во првата сезона како прволигаш, и ќе се пласира во финалето на Купот каде ќе се бори за првиот трофеј во историјата.
А, при евентуален пласман во финалето, го чека дуел од подобриот помеѓу Тиквеш и Шкупи, реванш кој денеска се игра во Кавадарци. После првиот меч, Тиквеш има одлични 0-0, и е во предност поради домашниот терен. И за Тиквеш ова би било прво историско финале на Купот, а стадионот во Кавадарци денеска ќе биде исполнет до последното место.
Натпреварите почнуваат во 15:00 часот, а сите најинтересни моменти следете ги на ЕКИПА.
КУП НА МАКЕДОНИЈА, 1/2 ФИНАЛЕ, РЕВАНШИ
ДЕНЕСКА, 15:00 ЧАСОТ
Скопје, Ѓорче Петров: МАКЕДОНИЈА ЃП – ВОСКА СПОРТ (прв натпревар 0-2)
Кавадарци: ТИКВЕШ – ШКУПИ (прв натпревар 0-0)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА