Со натпреварите помеѓу Турција и Полска, односно Литванија – Грција, денеска почнуваат четврфиналните пресметки на Евробаскетот. Победниците од овие два меча ќе се пласираат во полуфиналето.
Турција, која заврши прва во својата група, по елиминацијата на Србија важи за еден од фаворитите за медал, но пред себе ја има мотивираната селекција на Полска, која влегува во овој натпревар без притисок, затоа што ја исполни веќе својата цел, и се понатаму ќе биде плус. Турците, пак, со големи амбиции сакаат пласман во полуфиналето, па дури и во финалето, со оглед дека оваа е една од најдобрите генерации на сите времиња во турската кошарка.
Вториот меч помеѓу Литванија и Грција, кој се игра од 20:00 часот, се освен триумф на Јанис Адетокумбо и неговите соиграчи ќе биде изненадување. Грција важи за еден од фаворитите за пласман дури и во финалето на Евробаскетот. Грците се потпираат на својата НБА ѕвезда како на овој, така и на сите натпревари на ова Европско првенство. Сепак, Литванија е селекција која ја краси тимскиот дух, и речиси играат сите за еден, и тоа е најсилното оружје за Литванците кои се надеваат на изненадување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

