Денешниот натпреварувачки ден ќе донесе три нови интересни пресметки на овој европски шампионат, кои би требало да донесат големи возбудувања.
Франција ќе треба да ја оправда фаворитската улога против незгодната Австрија, Белгијците би требало да се поблиску до победата од Словачка, а најнеизвесно барем на хартија треба да биде на мечот Романија – Украина што ќе се игра во Минхен.
РОМАНИЈА – УКРАИНА 15 часот
Ова е прв дуел на овие селекции на големите натпреварувања. Романија и Украина досега имаат одиграно шест пријателски средби при што Романците биле поуспешни со три победи, едно реми и два порази.
Романија е без победа на првите натпревари на досегашните пет учества на ЕП (три реми, два пораза).
Досегашните осум гола на Украина на ЕП се постигнати од пет различни фудбалери: Шевченко, Јармоленко и Јаремчук по два, Довбик и Зинченко по еден.
БЕЛГИЈА – СЛОВАЧКА 18 часот
Белгија има само една победа и две реми во досегашните три пресметки со Словачка (сите три се пријателски натпревари).
Белгија е без пораз на досегашните 14 средби под водство на новиот селектор Доменико Тедеско (10 победи, 4 реми).
Ова е трето учество на Словачка на европските шампионати. Словаците стигнале до нокаут фазата само на своето деби на ЕВРО 2016, кога во осминафиналето беа поразени од Германија со 3-0.
АВСТРИЈА – ФРАНЦИЈА 21 часот
Австрија има само еден пораз на последните 16 средби што ги одигра оваа селекција (12 победи и три реми).
Ова е шесто европско првенство за Дидие Дешамп, трето како селектор на Франција откако три одигра и како репрезентатвец на „триколорите“. Дешамп досега има 99 победи како селектор на Французите, вечерва би можел да го прослави големиот јубилеј.
Франција е двократен европски првак (1984 и 2000), „триколорите“ стигнаа до финалето на три од последните четири големи натпреварувања.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА