Три натпревари не очекуваат на вториот ден од Европското првенство кое што се игра во Германија. Вчера одлично стартуваше шампионатот откако домашната Германија во интересен натпревар ја прегази Шкотска со 5-1.
Денешната програма ќе стартува во 15 часот со мечот меѓу Унгарија и Швајцарија. И двете репрезентации гледаат можност со победа на овој меч да направат голем чекор за пласман во нокаут фазата, знаејќи дека во останатите две кола ќе треба да играат со фаворитот Германија и аутсајдерот Шкотска. Натпреварот се игра во Келн.
На „Олимпискиот стадион“ во Берлин од 18 часот ќе се сретнат Шпанија и Хрватска. Двете репрезентации одиграа епски меч пред три години во 1/8 финалето на ЕП во кој „црвената-фурија“ со 5-3 славеше по продолженија.
Програмата ќе ја затвори мечот кој е закажан за 21 часот во Дортмунд, а во кој актуелниот шампион Италија ќе игра против Албанија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА