Англија и Шпанија барем на хартија ја имаат улогата на големи фаворити на денешните дуели со Словачка, односно Грузија, но овој европски шампионат веќе покажа дека аутсајдерите знаат како да ги замрсат сметките на големите репрезентации.
Англиската селекција беше критикувана во јавноста на„островот“ поради недоволно офанзивната игра, иако Саутгејт во стартниот тим ги има Кејн, Фоден, Сака и Белингем. Словачкиот бункер издржа против Белгија, токму таа сензационална победа им го донесе на Словацитге пласманот во ова осминафинале, па интересно ќе биде да се види како ќе функционира на дуелот со „гордиот албион“.
Шпанија е единствената селекција со максимални девет бодапо првите три рунди, единствена репрезентација што се уште нема примено гол на ова ЕП, додека Грузија на спротивната страна постигна најмалку по еден гол на трите средби во својата група.
АНГЛИЈА – СЛОВАЧКА 18 часот
Англија има пет победи на досегашните шест меча со Словачка, но единственото реми е забележано на нивниот единствен дуел на големите натпреварувања (0-0) на ЕВРО 2016.
Словачка прва даде гол на три од шесте средби со Англија, но на тие три средби загуби со идентичен резултат 2-1.
Англија е без примен гол на седм од последните десет средби на последните две европски првенства, најмногу од сите земји на ЕП.
Хари Кејн постигна шест гола на последните шест средби од нокаут фазите на Англија на големите натпреварувања (два на СП 2022, четири на ЕВРО 2020).
ШПАНИЈА – ГРУЗИЈА 21 часот
Грузија само еднаш во историјата има примено седум гола на еден официјален меч, токму од Шпанија и тоа во квалификациите за овој европски шампионат (1-7).
Грузијците имаат една победа на досегашните седум меча со „црвената фурија“, и тоа на гостински терен, на пријатлскиот меч во јуни 2016 одигран во Хетафе што Грузија го доби со 0-1 со голот на Торнике Окријашвили.
Шпанија беше елиминирана во осминафиналето на три од последните четири големи натпреварувања.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА