Се е подготвено за почетокот на второто коло од групната фаза на ЕВРО 2024, што ќе биде означен со денешниот дуел меѓу Хрватска и Албанија. Денеска повторно на програмата се три натпревари, за богата фудбалска понуда по која би можеле да бидат познати и првите селекции со загарантирано учество во нокаут фазата.
ХРВАТСКА – АЛБАНИЈА 15 часот
Албанија никогаш досега нема одиграно меч против Хрватска. Албанците имаат само една победа на последните десет мечеви на кои за првпат играат против една селекција (пет реми, четири порази), триумфот над Фарските Острови во јуни 2023 година.
Хрватска нема претрпено два пораза на стартот на едно големо натпреварување уште од ЕВРО 1996 (3-0 од Португалија, 2-1 од Германија).
Со поразот од Италија во првото коло беше ставен крај на серијата од седум меча без неуспех на Албанците што траеше уште од маарт 2023 година.
ГЕРМАНИЈА – УНГАРИЈА 18 часот
На последните три меча меѓу Германија и Унгарија се постигнати неверојатни 20 погодоци. Интересно е што на сите три први во водство доаѓале Унгарците.
Германија има само една победа на последните шест средби на домашен терен против Унгарија.
Унгарците се без триумф на последните седум средби на европските првенства, откако во групната фаза од ЕП 2016 ја совладаа Австрија со 2-0.
ШКОТСКА – ШВАЈЦАРИЈА 21 часот
Последниот меч меѓу овие две селекции е одигран во март 2006, кога Швајцарија славеше на пријателската контрола во Глазгов со 1-3.
Швајцарците имаат само два пораза на последните 14 средби од групните фази на ЕП (седум победи и пет реми).
ШВајцарците постигнаа најмалку по три погодоци на три од последните четири средби на европските шампионати.
Џон Мекгин настапи на последните 31 средби на шкотската репрезентација. Ова е најдолга серија по онаа на Том Бојд, кој настапи на 38 средби во низа од август 1995 до јуни 1999 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА