Новиот натпреварувачки ден на ЕВРО 2024 носи три многу интересни дуели на кои се очекува да продолжи ефикасниот фудбал од претходните 48 часа.
Ова се дел од статистичките податоци поврзани со трите натпревари кои се денеска на програмата…
ХОЛАНДИЈА – ПОЛСКА 15 часот
Холандија е без пораз во последните 12 пресметки со Полска (пет реми и седум победи).
Ова ќе биде прв дуел на овие две селекции на едно големо натпреварување. Холандија е на второто место по број на победи над различни селекции на ЕП – дури 17, само две помалку зад водечката Германија.
Полска има само две победи во групните фази од европските шампионати, и двете на ЕП 2016.
СЛОВЕНИЈА – ДАНСКА 18 часот
Словенија има едно реми и пет порази во последните шест дуели со селекцијата на Данска.
Данците го прославуваат јубилејното десетто учество на европските првенства. Тие беа европски шампиони во 1992, но оттогаш самод ва пати ја мина групната фаза стигнувајќи до четвртфиналето во 2004 и до полуфиналето во 2020 година.
Бенџамин Шешко постигна пет гола и две асистенции во квалификациите за ЕВРО 2024, додека на спротивната страа главен адут на Данска беше Расмус Хојлунд, асот на Манчестер Јунајтед постигна седум погодоци во овој квалификациски циклус.
СРБИЈА – АНГЛИЈА 21 часот
Англичаните ја совладаа Хрватска на премиерниот меч на ЕВРО 2020, но „гордиот албион“ е без победа на останатите девет први средби на европските првенства на кои учествуваше (пет реми, четири порази).
Една третина од головите на Србија во квалификациите беа постигнати со глава, највисок процент од сите учесници на овој европски шампионат.
Доколку не прими гол вечерва, Џордан Пикфорд ќе го израмни рекордот на Питер Шилтон од десет меча со сочувана мрежа на големите натпреварувања.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА