Денеска на СП: Англичаните повторно на мегдан, Полска и Колумбија се спасуваат во меѓусебна пресметка

Натпреварите од второто коло во групната фаза на Светското првенство во Русија се приближуваат до својот крај. Англија ќе го има своето второ појавување, Сенегал посакува втор триумф и против Јапонија, а Полска и Колумбија се во незавидна позиција и секој бара спас за себе во меѓусебната пресметка.

АНГЛИЈА – ПАНАМА (14 часот)

Герет Сеутгејт го ’исчаши’ рамото, но добро знае како да го подготви составот на гордиот Албион за втор триумф на овој Мундијал. Англичаните можат да му благодарат на капитенот Хари Кејн за стартниот триумф (2-1) против Тунис, а денеска ќе се обидат да стигнат до уште една победа и да и се проидружат на Белгија во осминафиналето. Деле Али нема да биде во можност да им помогне на соиграчите поради повреда, но Панама и не треба да биде преголема пречка.

ЈАПОНИЈА – СЕНЕГАЛ (17 часот)

Самураите ја изненадија Колумбија, а и Сенегал ја шокираше Полска во првото коло од групата Х. Кој и да победи на денешниот дуел, веќе ќе биде осминафиналист, што секако ќе биде голем успех. Шинџи Кагава и понатаму ги држи конците на играта во селекцијата на Јапонија, но Осако е најголемата опасност кон голот на Сенегал. Оваа селекција досега никогаш нема играно против азиска репрезентација, но Мане, Нијанг и Диуф се брзи фудбалери кои можат да создадат неволји за секоја одбрана.

ПОЛСКА – КОЛУМБИЈА (20 часот)

Роберт Левандовски и компанија не посакуваа ваков старт на Мундијалот, но загубија во првото коло и сега ќе се соочат со многу проблеми за да се пласираат во втората фаза од Светското првенство. Уште потешко за нив е што и вечерашниот противник, селекцијата на Колумбија, исто така имаше очаен старт. Сега и двете селекции бараат спас и немаат место за поправен, доколку и вечерва не успеат. Колумбијците на имиња имаат страшен состав, со Хамес Родригез, Фалкао, Квинтеро, Квадрадо, но од тоа не се исплашија Јапонците. Сигурно нема премногу импресионирани да бидат ниту Полјаците, туку ќе има жестока пресметка на теренот на „Казан Арена“.

Се вчитува...