Со одигрувањето на денешните натпревари ќе бидат познати сите осминафинални двојки на овој мундијал. Најинтересен се очекува да биде дуелот меѓу Германија и Хрватска, додека Данска не би требала да има никакви проблеми против актуелниот вицешампион Катар.
ГРУПА Ц, Руен
Чиле – Саудиска Арабија (14 часот), Хрватска – Германија (17.45 часот), Белорусија – Унгарија (20.45 часот)
Група во која буквално се е крајно неизвесно. Германија и Хрватска ќе водат битка за првото место, а европските прваци ќе бидаст значително засилени со камбекот на пивотот Пекелер, кој му се стави на располагање на селекторот Сигурдсон. Унгарија е сигурно во осминафиналето, најверојатно трета, но може да падне и на четвртото место доколку загуби од Белорусија, а Чиле не слави над Саудиска Арабија. Селекцијата на Чиле може да оствари историски успех доколку слави над Саудиска Арабија, но за пласман во осминафиналето на оваа селекција неопходно ќе биде и Унгарија во последниот меч на програмата да не загуби од Белорусија. Шанса за пласман во осминафиналето има дури и Саудиска Арабија, доколку слави со четири гола разлика, па потоа да чека триумф на Унгарија над Белорусија.
ГРУПА Д, Париз
Бахреин – Аргентина (14 часот), Шведска – Египет (17.45 часот), Катар – Данска (20.45 часот)
Данска е сигурно првопласирана во оваа група, a актуелните олимписки прваци се големи фаворити и против Катар, селекција што без неколкуте странци делува неконкурентно за врвните европски репрезентации. Швеска и Египет во директна пресметка ќе го решат прашањето која репрезентација ќе биде второпласирана, а која трета во оваа група, додека Катар сигурно е четврти и ќе се сретне со победникот во групата Ц (селекцијата што ќе триумфира на дербито меѓу Германија и Хрватска).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА