Денеска на СП: Вујовиќ го заверува осминафиналето за Македонија

На програмата и денеска се неколку интересни средби, но вниманието на македонската јавност ќе биде насочено кон Мец, каде Словенија ќе се обиде да го совлада Тунис, со самото тоа и да му донесе осминафинален билет на нашиот национален тим.

ГРУПА А, Нант

Норвешка – Бразил   14 ч

Двете селекции се имаат сретнато три пати во периодот од 2005 до 2011 година, првиот меч Норвешка го доби со огромни 22 гола разлика, а оној последниот со само еден единствен погодок. И двете репрезентации влегуваат во овој дуел со скор од две победи и еден пораз (и двете загубија од домаќинот Франција).

Полска – Јапонија    17.45ч

Минаа 27 години од последниот дуел меѓу Полска и Јапонија, овие репрезентации се имаат сретнато три пати во историјата, при што Полјаците редовно стигнувале до победата. Овој дуел е пресметка на двајца шпански стратези, Карлос Ортега на клупата на Јапонија и Талант Душебајев како селектор на Полска.

Русија – Франција    20.45ч

„Триколорите“ делуваат моќно на овој мунијал, добивајќи ги првите три средби со вкупна гол-разлика од „плус триесет“. Русија е единствената земја (покрај Данска на последните ОИ) што успеала во едно големо финале да ја совлада Франција. Тоа се случи на СП во 1993, на кои „зборнаја“ стигна до златото против фаворизираните „триколори“.

cipurin rusija

ГРУПА „Б“

Словенија – Тунис    17.45ч

Меч од огромно значење за Македонија, бидејќи доколку Тунис не успее да триумфира над Словенија, нашата репрезентација ќе има загарантиран билет за осминафиналето на две кола пред крајот. На последните пет натпревари меѓу овие две селекции Словенците имаат скор од четири победи и едно реми.

Ангола – Исланд   20.45ч

Исланд се уште е без триумф на овој шампионат, но островската селекција е апсолутен фаворит на вечерашниот меч со Ангола. Африканската репрезентација игра очајна одбрана, примајќи над 30 гола на секој од трите досегашни натпревари во групата Б.

Група Ц, Руен

Германија – Саудиска Арабија    17.45ч.

Германците се сретнаа со истиот ривал и на последниот мундијал во Катар, триумфирајќи со убедливи 36-19. Ова е втор лесен меч во низа за актуелните европски шампиони, кои во минатата рунда рутински ја совладаа селекцијата на Чиле со 35-14. Саудиска Арабија никогаш досега нема забележано победа на натпревар од ракометните мундијали.

ГРУПА Д, Париз

Катар – Аргентина    17.45ч

Овие два ривали имаат одиграно три средби од април 2016, при што Катар редовно доаѓаше до победата (30-25 во подготовките за овој мундијал, 22-18 на ОИ во Рио и 33-19 на пријателски натпревар. Селекторот на Катар, Валеро Ривера, повлече вистински потег откако по првиот меч со Египет веднаш ја направи првата замена и го уфрли во тимот Ахмад Мамади, кој постигна осум гола од девет обиди на дебито против Бахраин.

Се вчитува...