Денеска почна судењето во Барселона – Обвинителството бара затворска казна за Нејмар!

Репрезентативецот на Бразил и напаѓач на ПСЖ, Нејмар денеска пристигна во Судот во Барселона, каде одговораше на прашања за малверзации при неговата преселба од Сантош во каталонскиот гигант во 2013 година.

Француските медиуми информираат дека 30-годишниот напаѓач на ПСЖ бил во придружба на своите родители, а обвинителството бара двегодишна затворска казна за Нејмар и парична казна од 10 милиони евра поради корупција.

Покрај Нејмар и неговите родители, обвинети се и два поранешни претседатели на Барселона, Сандро Росел и Жозеп Марија Бартомеу, како и бившиот прв човек на Сантош, Одилио Родригез Филхо.

Бразилската инвестициска компанија „ДИС“ имала 40 отсто од правата на играчот и смета дека е оштетена при трансферот на напаѓачот затоа што Барселона платила 40 милиони евра на Бразилецот и 17,1 милион на Сантош, иако шпанскиот Суд процени дека трансферот вкупно чинел најмалку 83 милиони евра.

Компанијата, која добила 6,8 милиони евра од 17,1 исплатени на бразилскиот тим, тврди дека Барселона, Нејмар и Сантош се здружиле заедно за да го сокријат вистинскиот износ на трансферот.

Се вчитува...