Најпознатата и најмасовна атлетска манифестација во Македонија, Виз Ер Скопски Маратон оваа година ќе се одржи на 6. октомври со старт од 08 часот, во своето јубилејно 20-то издание. Пријавувањето започнува денеска во 9 часот и ќе трае до 20. септември до 23:59 часот. Право на учество имаат сите државјани на Македонија и странски државјани, информираат организаторите.
Учесниците на маратон и полумаратон на стартот ќе бидат распоредени во четири стартни боксови според таргет времето кое ќе го одберат при процесот на пријавување, додека учесниците во штафетниот маратон и трката на 5 километри ќе бидат распоредени во стартни зони кои ќе бидат означени во зоната на старт со името на трката.
Исто така, учесниците ќе можат да се пријават на маратонот, полумаратонот, штафетниот маратон – ЕУ за спорт и трката на 5 километри.
„Трката има сертификат од Асоцијацијата за улични трки (AIMS) и се одвива според правила на Светска Атлетика (WA), и АФСМ. Секој учесник што ќе стартува на Виз Ер Скопски Маратон ќе добие вредносен ваучер од 20 ЕУР од насловниот спонзор на трката, Виз Ер. Ваучерите ќе бидат испратени во период од 10 до 20 Октомври 2024 на е – пошта адресите кои учесниците ќе ги остават при процесот на пријавување. Во стартниот пакет за сите трки е вклучена и маица, но ја добиваат само оние кои ќе се регистрираат до 29 август 2024. Трката има ограничен број на учесници и пријавувањето може да се затвори, доколку се пополни предвидениот број на бројот на учесници, затоа побрзајте и пријавете се уште денеска“ – информираат организаторите.
Организатор на Виз Ер Скопски Маратон е Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со АК „Работнички“и АК „Скопски Маратон“, додека покровители на трката се Град Скопје, Делегација на Европската Унија и Агенцијата за млади и спорт.
Подетални информации во врска со трката може да најдете на официјалната веб страна: http://skopskimaraton.com.mk/.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА