Денеска во 12 часот на пладне почнува продажбата на билетите за ракометниот спектакл на 3. јануари кога во „Борис Трајковски“ уште еднаш ќе ги видиме во репрезентативен дрес најголемите ѕвзди на машката репрезентација од минатата деценија.
Кирил Лазаров, Наумче Мојсоски, Ванчо Димовски, Аце Јоновски, Бранко Ангеловски, Стевче Алушовски… уште еднаш ќе истрчаат на терен, во хуманитарна акција, а воедно тоа ќе биде и нивното официјално збогување со репрезентацијата.
Оваа ол стар екипа ќе игра натпревар со нивните наследници, актуелниот состав на Македонија што ќе настапи на Светското првенство во Полска и Шведска во јануари 2023.
Продажбата на билетите ќе почне денеска преку продажната мрежа на mktickets.mk во Скопје и во други градови на Македонија. Цената на билетите е 250 и 300 денари и ќе бидат во ограничен број.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА