Денеска почнуваат битките за полуфинале, дали сте знаеле…

Шпанија и Германија во 18:00 часот, и Португалија и Франција во 21:00 часот, ги почнуваат пресметките за пласман во полуфинале. Два големи европски дуели, на можеби најсериозните кандидати за освојување на титулата во Германија, ќе се требат вечерва меѓу себе, а победниците ќе играат меѓусебно во полуфиналето.

Пред двата дуели, еве неколку факти кои можеби не сте ги знаеле:

ШПАНИЈА – ГЕРМАНИЈА:

  • Шпанија и Германија имаат најмногу голови на ЕВРО 2024, Шпанија со девет, а Германија со десет постигнати гола. Исто така имаат и најмногу удари по противничките голови
  • Шпанија никогаш не елиминирала домаќин на едно големо натпреварување
  • „Фуријата“ е моментално најдобра селекција на ЕВРО 2024 со сите четири победи, нешто кое го нема ниту една друга селекција досега на турнирт
  • Германија нема победа над Шпанија на голем турнир уште од ЕП 1988 година
  • Германија и Шпанија досега одиграле 26 меча, од кои Германија има девет победи, а Шпанија осум, со гол разлика 31-32 во корист на Шпанците
  • Три од последните четири меѓусебни мечеви меѓу овие два тима завршија без победник. На едната Шпанија ја „раустир“ Германија со 6-0 во Лигата на Нации
  • Ако настапи вечерва, Нојер ќе го израмни рекордот со Бастијан Швајнштајгер по бдојот на настапи на големи турнири (39)
  • Германија во последните шест меча кои се одлучувале на пенали има исто толку победи, додека Шпанија има седум победи од 13 меча кои се решавале на пенали
  • За некои од играчите ова ќе биде последен меч на Европските првенства. Кај Германија тоа е Тони Крос, и најверојатно Мануел Нојер, додека кај Шпанија за Хесус Навас ова е последен настап на ЕП

ПОРТУГАЛИЈА – ФРАНЦИЈА:

  • Португалија не успеа да постигне гол во регуларниот тек на последните два натпревари, Франција, пак, и натаму нема гол од игра од свои играчи. Франција има три постигнати гола, од кои два се автогол и еден од пенал на Мбапе
  • Роналдо и натаму нема постигнато гол на ЕВРО 2024 година, и ако не успее денеска и ако испадне, тоа ќе биде негово прво Европско првенство без постигнат гол. Воедно, ова за него е последно Европско првенство
  • На денешен ден беше одигран и полуфиналниот натпревар на Мундијалот 2005 година исто така во Германија, кога Французите со голот на Зидан славеа и се пласираа во финалето
  • Адриен Рабио ќе го пропушти мечот поради суспензија
  • Ако добие жолт картон вечерва, и Франција се пласира понатаму, Мбапе нема да игра во полуфиналето
  • Франција заедно со Шпанија имаат најмалку примени голови на турнирот (1)
  • Трет пат по ред овие две селекции се среќаваат на европските првенства. Последната беше 2016 во финалето кога Португалија победи, додека на ЕП 2021 година играа во групата и одиграа без победник

Се вчитува...