Иако свеченото отворање е закажано за петок денеска почнува натпреварувачкиот дел на Летните олимписки игри во Париз.
Традиционално програмот го отвораат екипните спортови, и тоа оние со најдолг календар – фудбалот и рагбито. На Игрите рагбито се игра во варијанта со седум играчи во тимот.
Во Париз ќе настапат вкупно 288 рагбисти и рагбистки, а титулата ја брани Фиџи во машка и Нов Зеланд во женска конкуренција. На првиот ден од турнирот на терен ќе излезат дури три освојувачи на медал од Токио.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

