Гонзало Гуедеш е фудбалерот што многумина го нарекуваат „новиот Роналдо“ пораади извонредните настапи во дресот на Бенфика, а овој фудбалер, кој во јуни ќе настапи за Португалија против Македонија на младинското ЕП, денеска ќе го реализира и својот трансфер од соништата.
Пари сен Жермен ќе биде новиот клуб на суперталентираниот офанзивен фудбалер, за чии услуги во изминатите дваесетина дена сериозен интерес искажа и Жозе Мурињо, кој на крајот сепак не успеа да го доведе својот сонародник во Манчестер јунајтед. Директорот на ПСЖ, Патрик Клајверт, беше поумешен во преговорите, во текот на вчерашниот ден отпатува за Лисабон и експресно се договори со Бенфика, па португалскиот првак ќе заработи 30 милиони евра од продажбата на овој одличен играч, кој најдобро се снаоѓа како крилен офанзивец.
Гонсало Гуедеш е член на Бенфика уште од деветгодишна возраст, на 18 години дебитираше за првиот тим, а нешто подоцна стана и најмлад стрелец во историјата на овој клуб во Лигата на шампионите.
Тој е еден од предводниците на младинската репрезентација на Португалија, која ќе биде еден од ривалите во групата на Македонија на претстојното Европско Првенство во Полска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА