Денеска се слави спортот со ракометни великани – но и со хуманитарна димензија (видео)

Ракометната Федерација на Македонија не ја крие гордоста од организирањето на денешниот спортски спектакл, дуелот меѓу А селекцијата и репрезентацијата составена од ракометни ветерани.

Станува збор за меч кој има и хуманитарно значење бидејќи сите приходи од него ќе бидат доделени на СОС Детското Село.

„Денес, имаме прекрасна можност да го славиме ракометот, ракометните великани, спортот, но со дополнителна хуманитарна димензија за поддршка на најранливите, децата и младите без родителска грижа. Совршен спој во правец на градење на вистински вредности важни за правилен развој на нашата заедница“, порачуваат од РФМ.

„Воедно, од куќата на ракометот информираат дека вратите на СЦ „Борис Трајковски“ ќе се отворат во 17.30 часот, се со цел да не се создаде преголема мешаница бидејќи сите билети за овој одличен настан се распродадени.

Сите билети за настанот „Сите ѕвезди за СОС Детско село“ се распродадени. За целите на успешна реализација на настанот, љубезно ве информираме за следново:

• Вратите за влез во арената „Борис Трајковски“, се отвараат во 17:30 часот, а се затвараат во 18:50 часот.

• Програмата ќе започне во 19:00 часот.

Ви благодариме за хуманоста и ви посакуваме да уживате во вечерашниот настан“, информираат од РФМ.

Се вчитува...