Денеска и официјално ќе биде отворен стадионот на кој на 18 декември ќе биде одиграно финалето на Светското фудбалско првенство во Катар. Стадион е со капацитет од 80.000 седишта и ќе биде домаќин на 10 натпревари на СП, вклучувајќи го споменатото финале.
Според најавите, овде е закажан и дуелот меѓу Мексико и Аргентина, кој останува меч за кој има најголема побарувачка на билети.
Свеченото отворање е закажано за вечерва во 20.00 часот, момент кога ќе биде и главниот тест на функционалноста на стадионот, со натпреварот на два од најуспешните тимови во Азија и Африка, дуел меѓу Ал-Хилал (саудиски шампион) кој ќе се сретне со Замалек (египетски шампион).
Овој модерен стадион е лоциран на околу 20 минути од центарот на Доха.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА