Денеска ждрепката за полуфиналето во ЛШ: За кого Шева носи среќа!?

Останаа само уште четири клуба сезонава во трката за трофејот во Лигата на шампионите. До полуфиналето во најквалитетното европско клупско натпреварување стигнаа бранителот на титулата Реал Мадрид, Баерн Минхен, Ливерпул и Рома. Денеска од 13 часот ќе дознаеме кој на кого во полуфиналето…

И додека за Реал Мадрид и Баерн во глобало сите очекуваа да се најдат во Топ 4, вистинско изненадување, можеби дури и за сопствените навивачи, се Рома и Ливерпул.

Ждребот во Нион почнува од 13 часот, а на него ќе асистира амбасадорот на финалето од ЛШ во Киев, Андреј Шевченко.

Првите полуфинални натпревари се играат на 24. и 25. април, а реваншите се на 1. и 2. мај. Финалето е на распоред на 26. мај на Олимпискиот стадион во Киев.

Се вчитува...