Поранешниот играч за врска на Лестер, Дени Дринквотер објави дека се повлекува од професионалниот фудбал на 33-годишна возраст.
Дринквотер ја започна својата професионална кариера во матичниот клуб Манчестер јунајтед во 2009 година, но никогаш не играше за нив, бидејќи во тој период беше на позајмици во Кардиф Сити, Вотфорд и Барнсли.
Неговиот најдолг клупски период беше во Лестер сити, со кого ја освои титулата во Премиерлигата во сезоната 2015/16. Потоа забележа три настапи за англиската репрезентација.
Дринквотер му се приклучи на Челси во 2017 година и оттогаш имаше позајмица во Барнли, Астон Вила, Касимпаша и Ридинг. Во јуни 2022 година, кога му истече договорот со Челси, тој стана слободен агент, а година и пол подоцна одлучи да стави и и крај на кариерата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

