Почетокот на новата сезона во НБА лигата се очекуваше да биде на стартот на 2021 година или дури во февруари. Сепак поради големите финасиски загуби што ги претрпе Лигата, а и клубовите беше донесена одлука за старт на новата сезона на крајот од декември. Ова предизвикува реакција кај дел од играчите, особено во тимовите каде што има повеќемина ветерани. Како што е на пример шампионот, Лос Анџелес Лејкерс. Прв реагираше Дени Грин. Тој вели дека ако сезоната почне во декември поголемиот дел од кошаркарите нема да играат. Ова пред се однесува на Ражон Рондо, Двајт Хауард и осбено Леброн Џејмс.
„Не очекувам да го видам во првиот месец. тој веројатно ќе тренира со нас, но сметам дека момците нема да бидат тука по своја волја“ – вели Грин зборувајќи конкретно за Леброн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА