Дени Илиев: Бескрајно сум горд со дебито во овој македонски дрес!

По долги години повици во националниот тим, голманот Дени Илиев конечно го реализираше своето деби во македонската репрезентација.

Илиев запиша одличен натпревар во победата од 0-2 против Гибралтар, зачувувајќи ја својата мрежа нечепната што е плус повеќе во мотивот на Илиев за следните натпревари на националниот тим. Македонскиот голман не го крие задоволството од дебито во дресот на репрезентацијата, истакнувајќи дека е горд на светиот дрес.

„Бескрајно сум горд што дебитирав во овој дрес и што ја претставував мојата земја Македонија. Со срце за нашата Македонија“ – напиша Дени Илиев на социјалните мрежи.

 

Се вчитува...