Македонскиот фудбалски репрезентативец, голманот Дејан Илиев, го одведе својот тим Арсенал (У-23) во финалето на Интернационалниот Премиер – лига куп, откако одбрани клучен пенал при изведувањето на удари од белата точка на дуелот против Вилјареал. Во регуларниот тек, мечот на „Емирати“ заврши 2-2, немаше погодоци во продолженијата, а потоа Дени Илиев успеа да го скроти шутот на Рубен Меса Висига.
Во финалето, Арсенал ќе го чека подобриот од дуелот меѓу Порто и Њукасл.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА