Дени Илиев продолжува во фински Хелсинки

Повремениот македонски репрезентативен голман, Дејан Илиев кариерата ќе ја продолжи во финскиот шампионат во тимот на Хелсинки, откако денеска беше ставен потпис на договор со траење од една година, со можност за продолжување за уште една.

27-годишникот беше дел од Арсенал од 2017 година, но никогаш не доби шанса во првиот тим. Покрај за премиерлигашот во кариерата настапуваше и за: Серед, Јагелонија, Шрузбери, Орион и Тренчин.

 

 

Се вчитува...