Дени Илиев заминува од Арсенал: Отпадна од тимот за подготовките на „топчиите“

Македонскиот репрезентативен голман Дени Илиев новата натпреварувачка сезона без сомнение ќе ја дочека со нов клуб.

Илиев не е на списокот фудбалери на Арсенал за подготовките на тимот во САД што јасно укажува на фактот дека „топчиите“ даваат зелено светло за заминување на македонскиот голман.

Согласно информациите од англиските медиуми, се уште не е познато дали Арсенал ќе се одлучи да го испрати на позајмица една сезона, или ќе дозволи комплетен откуп на неговиот договор.

За Илиев постои интерес од неколку клубови од Чемпионшиплигата на Англија, но и клубови од Шведска и Данска.

Се вчитува...