Дени Ингс е нов голгетер на Вест Хем

Вест Хем Јунајтед по неколкуте одлични сезони во кои се изборуваше за место во горниот дел на табелата и настап во европските натпреварувања мака мачи оваа сезона во која се наоѓа во битката за опстанок, а за избегнување на дното на табелата и преселба во Чемпионшип го засили нападот со искусниот англиски голгетер Дени Ингс.

Триесетгодишникот во Лондон доаѓа од редовите на Астон Вила по сезона во која на 18 натпревари забележа шест гола во трансфер вреден 15 милиони евра. Претходно во кариерата ги бранеше боите и на Борнмут, Барнли, Ливерпул и Саутемптон.

Се вчитува...