Доскорашниот спортски директор на репрезентацијата и екс поранешен репрезентативец Данчо Масев е осуден на четири години затвор во случајот во кој беше инволвиран за набавка и продажба на дрога, во која првоосомничен е Раде Трајковски – Штекли.
Масев вчера заедно со уште тројца обвинети признаа вина, а денеска му е изречена пресудата во траење од четири години. Некогашниот репрезентативец е во притвор од март оваа година, а веднаш откако беше приведен беше и разрешен од функцијата спортски директор на А репрезентацијата.
Обвинтелството вчера го објави обвинението, во кое групата во која бил и Масев била добро организирана, а секој имал прецизна улога, од набавка до продажба на дрога кокаин и марихуана. Дрогата се продавала од 4.500 до 6.000 денари за грам кокаин и 200 до 300 денари за грам марихуана.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

