Дени Роуз е „мета број 1“ на Мурињо

Менаџерот на Манчестер јунајтед Жозе Мурињо ќе добие 90 милиони фунти за трансфери во зимскиот преоден рок, а приоритет на Португалецот е левиот бек на Тотенхем, Дени Роуз. „Скај спортс“ шпекулира дека половина од предвидениот буџет ќе бидат употребени за ангажманот на Роуз, додека зелено светло за заминување од првиот тим добија Лук Шо и Матео Дармијан.

Мурињо во досегашниот дел од сезоната како алтернатива го употребуваше Ешли Јанг на левата бековска позиција, но веќе е јасно дека мора да доведе фудбалер соодветен на позицијата. 27-годишниот англиски репрезентативец на „петлите“ сака да го напушти Лондон поради несогласувањата со Маурисио Покетино, па Јунајтед може многу лесно да ги добие услугите на Роуз.

За Шо и Дармијан повеќе нема место, едноставно не го задоволуваат нивниот тренер со прикажаната игра, а повредите уште повеќе ги спречија да се истакнат во најдобро светло.

Често повредениот Шо е мета на Њукасл, Бенитез го посакува младиот англиски репрезентативец во своите редови, но не и да исплати 20 милиони фунти, колку што бара Јунајтед. За услугите на 27-годишниот Италијанец, Севилја и Рома ќе мора да одвојат 15 милиони фунти, па Дармијан ќе избира каде ќе ја продолжи иднината.

Се вчитува...