Денот „Д“ за Македонија: На триумф во Естонија за останување на сонот за Евробаскет!

Македонската кошаркарска репрезентација ја очекуваат клучните предизвици оваа година во желбата за пласман на Евробаскетот 2025.

Низ последните два квалификациски натпревари селекцијата на Александра Јончевски, ќе мора да ја совлада Естонија на гости, денеска од 18 часот, со најмалку шест поени, а потоа да ја победи Полска на домашен терен, доколку сакаме место меѓу најдобрите во Европа.

Првата пречка е вечерва Естонија во Талин на мечот на кој во составот повторно ќе бидат двајцата најдобри македонски репрезентативци, капитенот Ненад Димитријевиќ, но сега и натурализираниот Ти-Џеј Шортс.

„Ова е натпревар во Талин кој мора да го добиеме за да одиме понатаму. Имаме мотив, имаме желба, составот, и имаме среќа што е Ненад Димитријевиќ со нас, а сега тука е и Ти-Џеј Шортс. Се надевам дека, како тандем, ќе функционираат беспрекорно и дека ќе успеема да ја достигнеме неопходната победа од најмалку шест поени“ – вели селекторот Александар Јончевски.

Македонија за денешната пресметка нема да може да смета на Теодор Симиќ, кој отпадна во последен момент, но се очекува да биде подготвен за пресметката со Полска во Скопје.

„Одиме на две победи. Двете репрезентации ни се познати. Со Естонија и во претходниот циклус имавме две средби така што мораме да победиме ако сакаме да играме на Европско првенство. Секако, напаѓачки сега сме доста подобри. Имаме двајца плејмејкери кои можат да играат со топката. Малку сме послаби на центарски позиции, меѓутоа ќе се обидеме да надоместиме на тоа. Секогаш сум тука за Македонија“ – вели еден од најдобрите македонски кошаркари, Маслинко.

Како што е познато, на првиот меч одигран во Скопје, Естонија славеше со 69-74. Дуелот со Полска, пак, се игра во понеделник (24. февруари) во СРЦ „Кале“ во Скопје, а цената на билетите изнесува 300 денари.

Се вчитува...