Легендарниот Коби Брајант на денешен ден пред четири години го одигра последниот натпревар во НБА лигата. Таа вечер „Стејплс центарот“ беше подготвен за последниот танц на еден од најголемите кошаркари на сите времиња.
Коби на верната публика и се оддолжи со неверојатна партија. 60 поени во победата против Јута и крај на една ера во НБА лигата која траеше 20 години. Брајант го загуби животот во јануари месец годинава, а овие видеа остануваат единствен доказ за неговата големина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА